ФУДБАЛ

Наполи и Интер ги поделија бодовите во дерби рундата

Вечерва играчите на Интер ремизираа против Наполи во рамките на 31. коло од италијанската Серија А.св

Интер успеа да освои бод на стадионот Диего Армандо Марадона, од кој сигурно можат да бидат задоволни, бидејќи ја задржаа предноста пред Милан, Јувентус и Аталанта и чекорат кон Скудетото.

Наполи исто така може да биде задоволен од бодот, иако покажа дека сака да победи бидејќи се бори за место кое води во Лигата на шампионите.

Домашниот тим успеа да поведе со 1:0 во 36-та минута кога Самир Хандановиќ направи голема грешка и ја испрати топката во сопствената мрежа.

Сепак, Интер успеа да израмни на 1:1 на почетокот на второто полувреме. Во центарот на вниманието беше Ериксен кој постигна одличен гол од врвот на казнениот простор.

Наполи тргна кон победа на крајот од мечот. Домачините имаа одлична можност во 80-та минута кога Политано имаше шанса, но тој ја погоди пречката.

Две минути подоцна домашниот тим побара пенал откако Зиелински беше соборен. Судијата го гледаше ВАР, но на крајот реши дека нема доволно елементи за досудување пенал за Наполи.

До крајот на играта Интер успеа да ја зачува својата мрежа и остана 1:1. Интер остана прв со 75 бода и има девет бода повеќе од Милан. Наполи е петти со 60 бода и има два бода помалку од Јувентус кој е четврти и води во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНО

Серија А