Наполи и официјално тргна во мисија да го врати Елиф Елмас. Како што пишува „Тутомеркато“ италијанскиот тим на Лајпциг му понудил опција 1,5 милиони евра за позајмица и да ги покрие трошоците за платата на Елмас, плус 11,5 милиони евра за опцијата откуп. Се уште нема одговор од германскиот тим.
Додека Наполи чека одговор, во сенка чекаат разврска две екипи, англиски Вест Хем и италијански Торино.
