ФУДБАЛ

Наполи ја одреди цената: Новата понуда на Сити за Кулибали беше одбиена

Според шпанскиот „АС“, Манчестер Сити понудил 70 милиони евра за Калиду Кулибали, но Наполи продолжува да инсистира на повеќе пари.

Италијанските медиуми со недели пишуваа дека Манчестер Сити е фаворит за трансфер на Сенегалецот и дека тој навистина е на продажба (за вистинска цена) ова лето, што не може да се каже за претходните години кога Наполи наводно одбил 100 милиони евра за нивниот стопер.

„АС“ пишува дека последната понуда на Манчестер Сити изнесувала 70 милиони евра, што значи дека граѓаните ја „зајакнале“ затоа што наводно имало и претходна – од 65 милиони евра.

Сепак, Наполи и шефот Де Лаурентис наводно инсистираат на најмалку 80 милиони евра за трансфер на Сенегалецот.

Интересно ќе биде да се види дали Сити ќе продолжи со „нападите“ на Кулибали или ќе се фокусира целосно на доведување на Лионел Меси од Барселона, за што интензивно се пишуваше и се шпекулираше со денови.