Наполи ја постигна 22-та победа во Серија А сезонава, победувајќи со 2:0 на домашен терен и сега има 18 бода повеќе од второпласираниот Интер.
Наполи поведе по точно еден час со голот на Кварачелија, негов 11-ти сезонава.
Во 77. минута Рахмани го постигна вториот гол на асистенција на Елмас и ги постави конечните 2:0.
Game over ✅
90+5 | #NapoliAtalanta 2-0
💙 #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/ZZmQmHWNdi— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) March 11, 2023
Наполи така се врати на победничкиот колосек, по поразот во последното коло од Лацио, само второ сезонава.
Аталанта моментално е шеста на табелата, на местото кое води во Конференциската лига.
