Вечерва Џенова, која е во борба за опстанок, беше домаќин на Наполи на стадионот „Луиџи Ферарис“ во натпревар од 31. коло на Серија А. На крајот, гостите од Неапол беа подобри и ја прославија победата со резултат 1:2.
Веќе во седмата минута се затресе гол-мрежата на Џенова, но по интервенцијата на ВАР, голот на нашиот репрезентативец Ефил Елмас беше поништен за 0:1.
Елмас имаше добра шанса осум минути подоцна, шутираше, но Перин интервенираше многу добро. Перин беше одличен во 31. минута по ударот на Мертенс, а пет минути подоцна Џенова конечно се закани опасно. Касата се обиде, но неговиот удар беше запрен.
Само кога сите мислеа дека полувремето ќе заврши со резултат 0:0, Наполи стигна до предност. Во судиското надополнување Мертенс, маестрално го совлада Перин 0: 1 „од коленото“.
Сепак, по четири минути игра Џенова стигна до целта. Голданига беше одлична во скокот по корнер и погоди за 1:1.
После прифатениот гол, Наполи замина во офанзива, и стигна до ново водство во 66. минута. Резервистот Лозано успеа да ја смири одличната долга топка и некако го совлада Перин за водство на Наполи со 1:2.
Наполи лесно ја сочуваше својата предност до крајот и освои три многу важни поени. Тимот од Сан Паоло стигна до вкупно 51 бод и моментно е на петтата позиција, што води директно во групната фаза од Лигата на Европа.
Во исто време со натпреварот кај Луиџи Ферарис, започна уште еден натпревар од 31. коло на Серија А. Фиорентина беше домаќин на Каљари на домашен терен, а дуелот меѓу овие две екипи заврши со резултат 0:0.
Пандев на овој натпревар влезе во игра во 71. минута како замена за Санабриа, но не успеа да постигне гол. Елмас во 82. минута излезе од игра а на негово место влезе Зиелински.