Наполи одигра 2:2 на гостувањето кај Болоња, меч кој немаше никакво резултатско значење во битката за позиција на табелата. Наполи одамна е нов шампион, Болоња одамна обебеди мирна средина, па се играше за престиж. А, тој престиж е за Виктор Осимен. Имено, тој е лидер на голгетерската листа. Лаутаро Мартинез од Интер беше веднаш зад него, и се поставувашње прашањето кој ќе ја добие „круната“ за најдобар стрелец. По овој меч тоа е јасно, Виктор Осимен. Со денешните два гола тој стигна до бројката од 25 погодоци, а Лаутаро со голот против Аталанта синоќа собра 21 гол. Со оглед на тоа дека до крајот на сезоната останува уште еден меч, тешко е да се верува дека Мартинез ќе постигна пет голови на еден натпревар за да го престигне Осимен. Па, така уште сега круната може да му се даде на напаѓачот на Наполи.
Наполи не победи, но го добивме најдобриот голгетер во Серија А, ова е кралот (ВИДЕО)
