ФУДБАЛ

Наполи претстави големо засилување

Тимот на Наполи и официјално го претстави првото засилување за следната сезона.

Новиот играч на екипата од Неапол стана нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, кој доаѓа од Лил.

Наполи потпиша петгодишен договор со 21-годишниот фудбалер, а на францускиот клуб му беа исплатени бројка од 50 милиони евра за неговите услуги.

Осимен играше одлично во дресот на Лил минатата сезона. Тој постигна 18 голови на 38 натпревари и одличните настапи го привлекоа вниманието на многу клубови. На крајот потпиша за Наполи.

Во својата кариера, Нигериецот играше и за Волфсбург и Шарлерои.