ФУДБАЛ

Наполи сака да го доведе Евертон Соарес

Тимот на Наполи покажа голем интерес за фудбалерот на Гремио, Евертон Соарес.

Наводно, тие го гледаат како идеална замена за Каљехон, кој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент.

Каљехон ќе ја продолжи кариерата во Валенсија, а Евертон треба да биде негов наследник во тимот на Наполи.

Доколку се решат на овој потег, тогаш Гремио ќе заработи околу 25 милиони евра, затоа што тие го вреднуваат својот Бразилец.

Јасно е дека цените ќе паднат поради пандемијата на коронавирусот, но Гремио е јасен дека Евертон нема да оди за помала сума.