Дефанзивецот на Лил, Габриел Магалес, речиси сигурно ќе го промени тимот во следниот трансфер период.
Имено, за неговите услуги заинтересирани се два одлични клуба за развој на играчите, Арсенал и Наполи.
Челниците на Наполи се надеваат дека трансферот на овој фудбалер ќе биде завршен што е можно поскоро, но сега се појави и Арсенал и ги направи работите уште потешки за нив.
Во Наполи, тие го гледаат како идеална замена за Кулибали, а неговата цена треба да биде околу 30 милиони евра.
Тој пристигна во Лил пред три години, но последните две сезони ги помина на позајмица во Троја и во Динамо Загреб.
Тој оваа сезона оствари 34 настапи за Лил и постигна еден гол, но одигра одлично во одбраната.