ФУДБАЛ

Наполи се засилува од Фиорентина

Наполи би можел да го донесе српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ во своите редови.

Миленковиќ обезбедува одлични игри во Фиорентина, а овој клуб сега сака да направи голем профит од неговата продажба.

Наполи ќе биде принуден да го продаде Кулибали, па Миленковиќ се смета за реална опција, јавуваат италијанските медиуми.

Проблемот засега е висината на надоместокот. Фиорентина бара 30 милиони евра, но во Наполи прават се за да ја намалат таа бројка.

Миленковиќ порасна во Партизан, од каде дојде во Фиорентина во 2017 година за пет милиони евра.

Дали двата клуба сепак ќе најдат заеднички јазик останува да се види.