ФУДБАЛ

Наполи влегува во трка за Дибала

Околу потенцијалниот трансфер на Пауло Дибала се создава сериозна сапуница. Се чинеше дека поранешниот играч на Јувентус сигурно ќе дојде во Интер, но ќор-сокакот во преговорите им овозможи на другите клубови да влезат во приказната.

Прво, Милан се појави како заинтересиран. Потоа интерес покажаа и од Монца. Во меѓувреме се врати интересот на Манчестер Јунајтед.

А сега во приказната се вклучи и Наполи. Многу е живо под Везув. Лоренцо Инсиње си замина како слободен играч, а на излезна врата е Мертенс кој не е заинтересиран да го продолжи договорот за драстично помала плата. Многу се зборува за потенцијалната продажба на Осимене, а оттаму би се добиле доволно пари за да се исполнат желбите на Дибала.

Наводно, Аргентинецот сака седум милиони евра по сезона. Тоа е неприфатливо за Интер и Милан, но можеби не и за Наполи.