Наполи не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, а тоа го чинеше тренерската функција Гатузо.
“Почитуван Рино, јас сум многу среќен што поминав скоро две сезони со тебе. Благодарен сум за твојата работа и ти посакувам среќа каде и да одиш. Испраќам прегратки на твојата сопруга и децата”, напиша првиот човек на клубот Аурелио де Лаурентис.
Наполитанците не чекаа долго и веднаш побрзаа на работа кога станува збор за наследникот на Гатузо, а според пишувањата на водечките италијански медиуми тоа ќе биде Серхио Консеикао.
Sérgio Conceição será o novo treinador do Nápoles, informa "Corriere Dello Sport." pic.twitter.com/VMp7L89Hel
— Cabine Desportiva (@CabineSport) May 24, 2021
Консеикао го водеше тимот на Порто од 2017 година, а претходно беше на клупата на Нант, Гимараеш, Брага, Академика и Олханенсе.
Тренерската кариера ја започна како асистент во белгискиот Стандард.
Како играч, Консеикао остави голема трага во Италија, играше за Лацио, Парма и Интер, и очигледно сега ќе се испроба како тренер на Апенините.