Селекторот на руската ракометна репрезентација по ЕП во ракомет поднесе оставка.
„Не можам да продолжам да ја водам репрезентацијата, бидејќи не ја исполнив целта, иако работев со цело срце и душа. Му посакувам на тимот многу победи во иднина, верувам дека ќе ги има. Благодарам на федерацијата за довербата и што ми ги обезбеди сите услови за работа“, изјави Кокшаров.