ФУДБАЛ

Наскоро раскин, а колку му плаќа Јувентус на допингуваниот Погба?

За крајот на кариерата може слободно да размислува и Пол Погба.

Францускиот играч од средниот ред не игра квалитетен фудбал неколку години, барем не каков што сме навикнати од него.

И кога падна на допинг тестот пред мечот со Удинезе во август, јасно беше дека нешто не е во ред со него, а официјалните лица ќе побараат целосна четиригодишна суспензија за францускиот фудбалер.

Останува само да се почека официјалната потврда, а кога тоа ќе се случи, Јувентус дефинитивно ќе го раскине договорот со Пол Погба.

Погба не тренира со клубот од септември, а според договорот има 8 милиони евра годишно до 2026 година. Секако дека договорот има клаузули, па во вакви случаи мора да добива минимум 2 илјади евра месечно.

Според „Газета“, Јувентус нема „драматично“ да ја прекине соработката, туку на Погба ќе му понуди раскин на договорот, што, очигледно, ќе мора да го прифати.