Седум репрезентации обезбедија пласман во квалификациите за Светското првенство во Катар.
Во баражот моментално се Македонија, Велс, Русија, Португалија, Шведска и Австрија и Чешка од Лигата на нациите.
Инаку, досега директен пласман на Мундијалот изборија девет репрезентации и тоа Катар како домаќин и Бразил Германија. Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија и Србија.
Извлекувањето на бараж двојките ќе се одржи на 26 ноември, а натпреварите ќе се играат 24/25. и 28/29. март
Извлекувањето на топчињата за Светското првенство е на 1 април 2022 година во Доха.
Светското првенство во Катар ќе се игра следната година од 21 ноември до 18 декември.
Катарците се веќе подготвени и нема сомнеж дека не очекува вистински спектакл.