ФУДБАЛ

Наследникот на Лео: Матео Меси покажува сериозен интерес за топката

Лионел Меси е дефинитивно еден од најдобрите фудбалери што се појавиле.

Неверојатниот Аргентинец ги одбележа изминатите 15 години светски фудбал, но нема сомнение дека во него се уште останува магија за следните години што ќе ги помине во Барселона.

Играчи како Меси ретко се раѓаат, и токму во ова семејство можеме да бараме наследник за Лео.

Лионел има три сина, Тиаго (8), Матео (5) и Чиро (3), а засега, петгодишниот Матео покажува најголема склоност кон играње фудбал.

Ова јасно го покажуваат фотографиите и видеата од одморот. Матео уживаше во топката со неговиот татко и пријателите и веднаш на социјалните мрежи започнаа приказни дека тој може да биде наследник на неговиот татко.

Тој има добри гени, но ќе видиме дали интересот на малиот Мате за фудал ќе остане и во наредните години.