ФУДБАЛ

Насловната на Марка ги натера фановите на Реал да сонуваат

Кралевите, предводени од претседателот Флорентино Перез, имаат навистина големи планови за во иднина, а плановите вклучуваат вклучување на две големи млади sвезди.

Реал Мадрид сака да ги доведе во своите редови Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, а насловната страница на мадридскиот весник Марка е посветена на овие двајца.

„Две sвезди и една судбина“, е реченицата што ја краси насловната на Марка, а текстот нагласува дека целта на клубот е да ги донесе и двајцата веќе во текот на летото.