ФУДБАЛ

Насловната страница на еден англиски весник предизвика гнев кај Аргентинците по смртта на Марадона

Диего Марадона почина вчера во својот дом во Буенос Аирес на 60 година, што го шокираше фудбалскиот свет.

Многумина останаа во шок по веста дека Марадона починал и дека неговото тело едноставно не успеало да се справи овој пат.

Марадона и натаму е главна тема во јавноста, па многу познати личности и медиуми се простија од него на посебен начин. Сепак, некои англиски весници не го сторија тоа точно како што се очекуваше.

На Англичаните сè уште им пречи фактот што Марадона постигна гол со рака во полуфиналето на СП 1986 година и не можат да му простат за тоа и најмногу му замеруваат што никогаш не се извини јавно.

„Дејли Стар“ се најде под лупа на јавноста заради насловната страница со слика од моментот кога Марадона ја удри топката со рака со опис: „Каде беше ВАР кога ни беше најпотребен“.

Исто така, големо внимание привлече реченицата над фотографијата која гласи: „Марадона во Божји раце во 60 година“, алудирајќи на прекарот на контроверзниот гол „Божја рака“.