ФУДБАЛ

Натпревар во Лигата на Европа под знак прашалник: „Нека не исфрлат, но не одиме таму“

По организаторите на националниот натпревар, епидемијата на коронавирус почнува да претставува сериозни проблеми и за УЕФА.

Првиот натпревар од 1/8 финале во Лигата на Европа помеѓу Интер и Хетафе е закажан за во четврток, но тој натпревар дали ке се одигра не се знае, бидејќи доаѓањето на гостинскиот тим е под знак прашалник.

Претседателот на мадридскиот клуб, Ангел Торес, јасно стави до знаење дека Хетафе нема да патува во Милано, па дури и елиминиран од натпреварувањето.

„Баравме алтернатива. Не сакаме да одиме таму каде што е жариштето на коронавирусот. Нема потреба. Исто така побаравме помош од ФС Шпанија за одложување на натпреварот“, рече Торес.

“Ако треба да го изгубиме двомечот, ќе изгубиме. Јас нема да бидам тој што ќе го преземе ризикот. Ако треба да биде така, така. УЕФА ни рече дека бараме посебна дозвола од владата, јас нема да го сторам тоа, ќе се придржувам кон законот во мојата земја”, рече тој.

Исто така под знак прашалник е уште еден шпанско-италијански дуел во Лигата на Европа. Тоа е дуел помеѓу Севиља и Рома, бидејќи летовите меѓу двете земји се забранети.

Инаку, Здруженијата на професионални фудбалери на Шпанија и Италија издадоа заедничка изјава во која се повикуваат Интер – Хетафе и Севиља – Рома да бидат одложени.