ФУДБАЛ

Натпреварите Барселона – Наполи, Севиља – Рома и Хетафе – Интер нема да се играат?

Во Европа се појави целосен хаос заради коронавируси.

Оние кои се заразени се борат за живот, додека на другите им е скратена можноста да присуствуваат на многубројните јавни настани што биле составен дел од нивниот живот досега.

Ова е местото каде што прво размислуваме за спортски и фудбалски настани. Комплетна Серија А е одложена и дел од натпреварите во Лигата на шампиони и Лига Европа ќе се играат зад затворени врати.

Навивачите се растажени и разочарани од ова, а клубовите ќе претрпат големи финансиски загуби. Сепак, здравјето на сите треба да биде на прво место.

Фактот дека се се повеќе и повеќе натпревари се играат зад затворени врати некако ќе го надмине тоа, но да се започне со одложување тогаш тоа би бил голем удар за сите фудбалски љубители.

Лигата на шампионите и Лигата на Европа се две од најсилните клупски натпреварувања во Европа и некои од нивните натпревари би можеле да бидат одложени.

Барселона – Наполи (Лига на шампиони), Хетафе – Интер (Лига Европа) и Севиља – Рома (Лига Европа) се под знак прашалник бидејќи Шпанија забрани директни летови од Италија помеѓу 11 и 25 март.

Оваа забрана не се однесува само на итни, хуманитарни и медицински летови. Значи, прашање е како фудбалерите на Наполи, Интер и Рома ќе заминат во Шпанија, а тие треба да бидат таму за време на забраната.

Првиот човек на Барса, Жозеп Марија Бартомеу во оваа прилика вели:

„Се надевам дека Наполи ќе дојде да го одигра натпреварот. Сепак, има време за да се види што ќе се случува“.

Засега, официјални информации се дека мечот Барселона – Наполи ќе се игра зад затворени врати, исто како Валенсија – Аталанта и ПСЖ – Борусија Дортмунд.

Инаку, Барса и Наполи треба да го играат реваншот од 1/8 финале на 18 март, во првиот натпревар беше 1-1 на стадионот „Сан Паоло“.

Доколку се одложат гореспоменатите натпревари, би било супер да се знае кога и како ќе се одиграат, а тоа може да има големи последици за самиот распоред на Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Не исклучена можноста овие натпревари да бидат откажани до понатамошно известување, меѓу другото и Европското првенство кое полека се приближува …

ПОВРЗАНО

Серија АЛига на шампиониЛига Европа