Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа го совладаа Ливерпул со 1:0 на домашен терен во првиот натпревар од 1/8 финале во Лигата на шампионите, со што започнаа приказни за тоа која лига моментно е посилна – Ла Лига или Премиер лигата.
Нема никаква дилема за поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон – Ла Лига е посилна.
„Натпреварот помеѓу Атлетико и Ливерпул ги повтори приказните за тоа кое натпреварување е подобро, Ла Лига или Премиер лига. Мислам дека дуелот е јасен показател. Ливерпул е лидер во нивниот шампионат со 25 бода повеќе од второпласираниот, додека Атлетико како четврти во Ла Лига е 13 бода зад тимот кој е на прво место“, напиша тој на Твитер по синоќешниот натпревар.
Тој додаде дека е јасно дека не треба да се суди врз основа на еден натпревар, но дека Ливерпул минатата ноќ беше целосно немоќен.
„Ги разбирам коментарите на оние кои тврдат дека ова е само еден натпревар и ништо повеќе. Јас го знам ова, но сликата што ја видовме е јасна. Ливерпул не ја погоди рамката на голот во 90 минути игра”, вели тој.
Патем, Калдерон беше првиот човек на Реал од 2006-2009 година. Во тој период, кралевите освоија два трофеји во Ла Лига и шпански Супер куп.
The match between @LFC and @Atleti triggers again the debate between Premier and La Liga, and it’s a clear prove of which competition is stronger. @LFC is leader with 25 points ahead of the 2nd, while Atlético is 4th and 13 points behind the leader.
— Ramón Calderón (@rcalderonorg) February 19, 2020