Пријателскиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Ваљекано е откажан, поради коронавирусот.
Двата шпански клуба би се сретнале денес во „Валдебебас“ на подготвителниот натпревар пред сезоната.
Но, натпреварот беше откажан бидејќи играч на Ваљекано чекаше тест за PCR за Ковид-19.
Клубовите одлучија да не ризикуваат и дојдоа до заклучок дека најдобро е да се откаже состанокот.
Реал Мадрид ќе ја започне новата сезона 2020/21 во Ла Лига на 20 септември.
Додека, Ваљекано ќе ја започне новата сезона оваа недела против Реал Мајорка во втората лига на шпанскиот фудбал.