ФУДБАЛ

Натпреварот во Копенхаген е прекинат, Ериксен се уште се бори за живот

Натпреварот од првото коло од групата Б на ЕУРО меѓу Данска и Финска беше прекинат во 42-та минута.

Имено, данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на тревата по една акција на Данска и остана легнат.

Останатите дански играчи веднаш ги повикаа лекарите да дојдат и застанаа околу Ериксен за да не го снимаат камерите.

Јасно е каков шок беше тоа, бидејќи некои дански играчи плачеа, а преносот покажа дека лекарите го оживуваат Ериксен.

Судијата Тејлор одлучи дека натпреварот нема да продолжи, барем засега, а Ериксен е пренесен во болница и сите чекаат новости за здравствената состојба на данскиот капитен.