Лидс Јунајтед синоќа на домашен терен го пречека Арсенал во рамките на 18. коло од Премиер лигата.
Домаќините не поминаа добро со оглед на тоа што гостите славеа со 1:4.
Од Еланд Роуд доаѓа интересна приказна, а се работи за еден навивач и ако така може да се нарече.
Имено, на клупата на Топџиите се слушнале викање од трибините на неименуван маж, а навреди биле упатени кон Тавареш и Пепе кои се загревале за да влезат во игра.
Откако инцидентот бил пријавен кај четвртиот судија, судијата на овој натпревар Андре Маринер разговарал со Микел Артета и останатите членови на Арсенал.
Веднаш потоа интервенирала полицијата во Јоркшир и од трибините отстранила лице обвинето за расизам.
Самиот Лидс потврди се:
„Расизмот никогаш нема да биде толериран во Лидс Јунајтед и секој навивач кој користи расистички и каков било говор на омраза ќе добие доживотна забрана да присуствува на нашите натпревари“.