Полувремето од првиот финален меч од плејоф-серијата помеѓу Работнички и МЗТ Скопје донесе емотивен момент, кога кошаркарите на домашниот тим на терен се појавија со транспарент на кој пишуваше „Сања, редно е да кажеш ДА“.
Тоа всушност беше запросување од страна на еден од најголемите навивачи на „металците“ со најголем стаж, Димитар Најдановски-Дифтар, кој на овој начин, пред своите другари од трибината и останатите кошаркарски вљубеници сакаше да ја побара раката на својата долгогодишна девојка.
Одговорот беше позитивен, за ерупција на трибината каде што се најверните навивачи на МЗТ, а честитки имаше и од спротивниот табор, од фановите на лутиот ривал Работнички.
https://www.facebook.com/sportot.vo.mkd/videos/380533515932366/
Извор: Sport1.mk