ФУДБАЛ

Навивач на ПСЖ се бори за живот по нападот на ултрасите на Милан (ВИДЕО)

Фото: Soccer Football - Champions League - Group F - Paris St Germain v AC Milan - Parc des Princes, Paris, France - October 25, 2023 Paris St Germain fans display an anti-terrorism banner during the match REUTERS/Gonzalo Fuentes - UP1EJAP1J5GSY

Во Милано пред вечерашниот натпревар од фудбалската Лига на шампиони меѓу Милан и француски Пари Сен Жермен дошло до неколку навивачки пресметки, а во едната тешко е повреден симпатизер на францускиот клуб, кој, како што јави италијанската агенција АНСА , се бори за живот.

АНСА додаде дека 34-годишниот навивач на ПСЖ е избоден со нож во главата и ногата и се бори за живот во една од болниците во Милано.

Повредени се и неколку полицајци, кои интервенирале во конфликтот во областа Навигли.

Според „La Gazzetta dello Sport“, еден од нив бил прободен со нож во ногата, а другиот бил погоден во главата од неименуван предмет.

Сепак, тоа не беше единствената навивачка пресметка во ноќта помеѓу понеделник и вторник. Во „Кајна таун“ полицијата интервенирала по конфликт меѓу десетина навивачи на ПСЖ и жители на тој кварт.

Малку подоцна органите на редот интервенираа во една од улиците каде што се наоѓаа француските навивачи, а на еден од нив му беше потребна лекарска помош.

АНСА напиша и дека безбедносните служби и полицијата во вторник ќе ги зголемат безбедносните мерки пред Сан Сиро, поради потенцијални нови немири.

Натпреварот помеѓу Милан и ПСЖ започнува во 21 часот.

ПОВРЗАНО

Лига на шампиони