Неодамна Шпанија беше шокирана од веста дека исчезнал Сантијаго Санчез, навивач кој пешачел на Мундијалот до Катар, а сега пристигнаа нови информации.
Санчез имаше намера да ја бодри „црвената фурија“ на Мундијалот, а од Мадрид пеш тргна на Блискиот Исток.
Редовно контактираше со семејството и пријателите, а впечатоците од патувањето ги споделуваше со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, до 2 октомври.
На тој ден престанала секоја комуникација со него, пренесува шпанска „Марка“.
Угледниот весник наведува и дека неколку дена по неговото исчезнување било објавено дека Санчез е во затвор во Иран, само десет дена откако се сликал со војници во Ирак кои дури му дозволиле да позира држејќи пушка.
Последната позната локација е Пенвин, област во Ирак, на само пет километри од границата со Иран во близина на планините каде што планирал да преноќи, а наводно бил уапсен на околу 110 километри одалеченост од Сакез, по што е префрлен во затвор во Техеран.
Последен пат кога стапи во контакт со семејството рече дека „малку е жешко, но се е во ред“, мислејќи на политичките конфликти што се случуваат во таа земја.