Долгогодишниот обожавател на Норвич, Бари Грејвс, направи потег за паметење.
Грејвс, кој почина на 83-годишна возраст на 28 декември, остави 100 фунти во тестаментот и јасно стави до знаење дека ги остава да им плати по еден пијалок на играчите на саканиот клуб.
„Тој секогаш ми велеше дека ќе остави 100 фунти за играчите во тестаментот. Тој сакаше да им се заблагодари за сè што помина со нив. Се смеам кога помислувам на тоа. Тој сакаше да направи нешто посебно за саканиот клуб“, рече неговата ќерка. Сара.
Како 10-годишник, Грејвес дојде на првиот натпревар на Норвич и оттогаш не пропушти ниту еден натпревар.
Поради здравствени проблеми, тој престана да присуствува на натпревари во 2018 година, но гледаше и слушаше на секој натпревар што се емитува.