Финалето во Лига Европа оваа сезона ќе се игра во Полска.
УЕФА потврди дека финалниот натпревар ќе се игра пред навивачите, односно натпреварот ќе го следат 9.500 од нив.
Се наведува дека полските власти одобриле капацитетот на стадионот да биде толку полн, а стадионот има 40.000 места.
Финалето ќе се игра на 26 мај во Гднајска, а навивачите можат да аплицираат за билети до петок.
Цените ќе се движат од 40 до 130 евра.
До 14 мај ќе бидат известени оние што ќе добијат билети.
🎟️ Applications for tickets for the #UELfinal in Gdańsk, Poland on 26 May are open until Friday.
🏟️ Up to 9,500 fans will be allowed to attend the game.
Full info: ⬇️
— UEFA (@UEFA) May 4, 2021
Во финалето се чини дека ќе игра Манчестер Јунајтед, кој ја совлада Рома со 6:2 во првиот полуфинален натпревар, додека Вилјареал и Арсенал играат на вториот натпревар. Шпанскиот претставник славеше со 2:1.