Кристијано Роналдо ова лето би можел да го напушти Манчестер Јунајтед.
Португалецот не е задоволен во Јунајтед, а дури неодамна се приклучи на подготовките.
Тој се поврзува со голем број клубови, а шпански „Спорт“ пишува дека Португалецот би можел да се пресели во турски Галатасарај.
Турскиот тим сака да направи сензационален трансфер, свесен колку Роналдо може да им значи на теренот, но и маркетиншки и во секоја друга смисла.
Манчестер е подготвен да го продаде Роналдо, но засега не се појавил клуб кој може да плати висока отштета.
Роналдо е под договор до летото 2023 година.
До неговото евентуално заминување, Кристијано Роналдо најверојатно ќе игра за Манчестер Јунајтед на натпреварот против Брајтон кој е закажан за в недела.
Тој беше најавен на клупата за тој натпревар, но откако Ентони Марсијал не се опорави од повредата, Тен Хег треба да го искористи во стартните 11 за отворањето на сезоната.
Кристијано беше најдобар играч на Јунајтед минатата година. Одигра 37 натпревари и постигна 24 гола, но Јунајтед не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Наводно ова е главната причина поради која првата ѕвезда на тимот сака да си замине. Тој сака да продолжи да ги тресе мрежите во елитните редови на европскиот фудбал и дополнително да ја зголеми предноста во однос на конкуренцијата.