Од овој викенд во Бундеслигата навивачите ќе можат во полн капацитет да одат на трибините на стадионот.
Укинати се речиси сите мерки, што ги израдува фудбалските фанови.
Борусија Дортмунд ќе го пречека Лајпциг, а на истото место по долго време се очекува да бидат 80.000 навивачи.
И Борусија реши да направи одличен потег и да им покаже на навивачите колку им се важни.
Тие ќе носат дресови на кои пишува „благодарам“, како и имиња на 987 официјални фан клубови на Борусија.
https://twitter.com/BorussiDortmund/status/1509593755136888841
„Се радуваме на полн стадион“, изјави Борусија пред денешниот натпревар.
Натпреварот се игра вечерва од 18:30 часот.