ФУДБАЛ

Навивачите го губат трпението: Пред стадионот на Јувентус се појави слоган со јасна порака

Торино и Јувентус денес играат големо градско дерби во рамките на 29. коло од италијанската Серија А.

Репрезентативната пауза беше секако погодна за двата тима, кои навистина не блескаат оваа сезона. Јувентус претрпе шокантен пораз од Беневенто во последното коло, додека Торино беше поразен од Сампдорија и се наоѓа во опасната зона.

Јувентус деновиве не е во најдобра атмосфера поради суспензиите на  Мекини, Дибала и Мело затоа што ги прекршија правилата, односно организираа забава, што е забрането во Италија поради коронавирусот.

Пирло ги суспендираше и тие денес нема да играат против Торино. Сите настани во клубот ги налутија и навивачите, а утрово се појави транспарент пред стадионот „Алијанц“ со јасна порака.

“Само грижете се за социјалните мрежи, спонзорите и вашите милиони. Фокусирајте се на дербито. Покажете ма*иња”, рекоа навивачите на Старата дама.

ПОВРЗАНО

Серија А