ФУДБАЛ

Навивачите на Арсенал полудеа по третиот гол на Оршиќ, ги исмејуваа Тотенхем и Мурињо (ВИДЕО)

Не само што навивачите на Динамо славеа синоќа. Арсенал се пласираше и во четвртфиналето на Европската лига, а навивачите на тој клуб го следеа дуелот помеѓу Динамо и Тотенхем (3:0).

Ривалството помеѓу Арсенал и Тотенхем е добро познато, па приврзаниците на Арсенал тајно се надеваа дека Тотенхем ќе претрпи пораз и испаѓање во Загреб, што на крајот се случи.

Својата реакција ја објавија на Твитер по третиот погодок на феноменалниот Мислав Оршиќ, а потоа започна исмејувањето на Тотенхем, Жeозе Мурињо и другите …

Имаше вистинско лудило кога Оршиќ погоди што покажува и видеото.