Навивачите на Атлетико Мадрид се најдоа на тешки критики по скандалот кој се случи минатиот викенд.
Во неделата Атлетико Мадрид беше поразен од Виљареал (0:2), а овој пораз тешко им падна на навивачите на домашниот клуб, кои решија да ги оттргнат фрустрациите врз фудбалерите на Атлетико.
Најжестоките навивачи на Атлетико останаа на трибините и откако судијата го одигра последниот судиски свиреж, навредувајќи ги поединечните играчи на овој тим.
Посебно беа нападнати Антоан Гризман и Марио Ермосо, кои дури сакаа физички да се пресметаат со некои навивачи кои го навредуваа неговото семејство.
Тогаш реагираше полицијата и ги извади навивачите од трибините, но играчите на Атлетико беа многу разочарани од она што го доживеаја од навивачите на клубот за кој настапуваат.
Затоа челниците на Атлетико Мадрид решија да ги земат работите во свои раце и да застанат на страната на фудбалерите на овој клуб.
Од Атлетико Мадрид соопштија дека остро го осудуваат ваквото однесување на навивачите, а од таму велат дека поради тоа биле принудени да сменат неколку правила кога е во прашање односот на играчите кон навивачите.
Шпанските медиуми пишуваат дека играчите на Атлетико сега ќе ги игнорираат навивачите кои од нив ги бараат дресовите и дека повеќе нема да им ги даваат дресовите на навивачите по натпреварите.
Сепак, сето тоа многу добро им дојде на челниците на Атлетико кои на овој начин ја промовираа својата нова апликација.
Тие им порачаа на навивачите дека сега мора да се пријават на оваа апликација доколку сакаат да го добијат дресот на нивните омилени играчи. Затоа, веќе нема да може играч да им го дава својот дрес по натпреварот и тие мора да ги следат упатствата на оваа апликација.
¡Anunciamos el nuevo acuerdo de colaboración con la app @acmomento!
Consigue las camisetas que vestirán nuestros jugadores en los grandes partidos de la temporada.
Más información 👉🏼 https://t.co/Z6vlTLYJa0
¡Bienvenidos a la familia rojiblanca! ❤️🤍 pic.twitter.com/bkvzECGG5p
— Atlético de Madrid (@Atleti) August 24, 2022