ФУДБАЛ

Навивачите на Баерн гледаат и не можат да веруваат што прави Кан за време на натпреварот

Баерн е во се освен во добра форма, што ја потврдува серијата лоши резултати во Бундеслигата.

Екипата на Баерн е во серија од четири првенствени натпревари без победа, нешто што секако не ветуваше одличен старт кога беа постигнати двоцифрени голови на воведните натпревари.

Првиот пораз сезонава дојде на гостувањето кај локалниот ривал, тимот на Аугсбург. Конечниот резултат беше 1:0 за домашната екипа.

На Баварците им пресуди Бериша кој погоди во 59. минута. Во судиското надополнување, тој можеше да ги спаси гостите ни помалку ни повеќе од Мануел Нојер, но неговиот удар со глава беше брилијантно одбранет од Гикивеиц.

На трибините беа присутни и водечката делегација на Баерн предводена од претседателот Херберт Хајнер, извршниот директор Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Претставниците на Баерн им беа многу интересни на присутните фотографи, а Кан во еден момент верувале или не бил фатен како спие.

Со наведната глава наназад, Кан во еден момент дремна, што доволно говори за моменталната игра на тимот предводен од Џулијан Нагелсман од клупата.

За среќа на Баерн, кризата настана на почетокот на сезоната, па ситуацијата допрва треба да се коригира, а може да се каже дека репрезентативната пауза за Баварците доаѓа во вистинско време.

Нагелсман веднаш по натпреварот најави дека ќе има последици:

„Денес нема да издвојам ниту еден играч. Сегашниот негативен тренд не е добар. Многу работи мора да се променат. Ќе размислам и ќе видиме како ќе биде. Ќе размислувам за се, за себе, за ситуацијата, за се“, рече Нагелсман.

„Немаме победа во четири натпревари. Малку сум загрижен. Не завршивме неколку шанси, а имавме многу малку. Не можеме така да славиме во Бундеслигата. Имаме проблеми против физички силни тимови.Сега нема повеќе изговори, сега ни требаат победи, во спротивно ќе се случат страшни работи“, беше коментарот на разочараниот Хасан Салихамиџиќ.

 

ПОВРЗАНО

Бундеслига