ФУДБАЛ

Навивачите на Баерн се мирни што се однесува до голманот уште најмалку три години

Мануел Нојер нема намера да го напушти Баерн.

Според реномираниот германски весник „БИЛД“, голманот на германската репрезентација треба да потпише нов договор со тимот од Алијанц Арената до летото 2025 година.

Според актуелниот договор, Нојер е врзан со Баварците до крајот на следната сезона.

Да потсетиме, Нојер е дете на Шалке, а во Баерн е од летото 2011 година кога пристигна во трансфер вреден 30 милиони евра.

На голот на актуелниот шампион на Германија на официјални натпревари застана 460 пати, а на дури 223 не прими гол.

Нојер со Баерн девет пати беше шампион на Германија, а двапати шампион на Европа и светот.

Има освоено шест трофеи во Купот и Суперкупот на Германија и два во Суперкупот на УЕФА.