Барселона во неделата во одличен натпревар на Местаља ја победи Валенсија на гостински терен со 4-1.
Каталонците одиграа фантастичен натпревар и успеаја да стигнат до важни три бода во борбата за место кое води во Лигата на шампионите.
Од првата минута во Ла Лига настапи и Пјер-Емерик Обамејанг, кој одигра одличен натпревар и успеа да постигне хет-трик и да покаже дека ќе биде големо засилување за Барселона.
Габонецот се најде во центарот на вниманието и поради фотографијата која Барселона ја објави на Инстаграм по натпреварот.
Имено, еден од фотографите успеал да ја фотографира неговата тетоважа на грбот на кој има Африка и орел. Оваа тетоважа воодушеви многумина, а имаше и многу фанови кои не знаеја дека Аубамејанг е на фотографијата.
Барселона на Инстаграм ги праша фановите кој е на фотографијата, а многумина од нив навистина не знаеја дека тоа е Обамејанг.
View this post on Instagram