ФУДБАЛ

Навивачите на Барселона не можат да веруваат во тоа што го кажа Артур еден ден по трансферот во Јувентус

Бразилскиот фудбалер Артур Мело не се појави вчера на тренинзите на Барселона, поради што ќе биде строго казнет.

По кратката пауза, фудбалерите на Барселона започнаа да се подготвуваат за продолжување на Лигата на шампионите, а возвратниот натпревар од 1/8 финалеto против Наполи ги чека следната недела на „Камп Ноу“.

Сега е јасно дека Кикe Сетиен нема да може да смета на Артур не играјќи повеќе од еден месец. Имено, тој нема играно ниту една минута откако беше објавено дека на крајот на сезоната ќе замине во Јувентус, додека Миралем Пјаниќ доаѓа од спротивна насока.

Пјаниќ има одиграно скоро секој натпревар од потврдата за трансфер, додека Артур не играше ниту една минута, а клубот оправда дека е повреден. Но, овој пат е јасно дека тој не сака повеќе да игра затоа што тој дури и одби да дојде на подготовките за Лигата на шампионите, па остана во Бразил на одмор.

Овој потег ги налути навивачите на Барселона кои ја ископаа неговата изјава по потврдата дека тој оди во Јувентус. Потоа Артур рече дека неговата цел е да продолжи да се бори за Барселона, но тој јасно не ја кажува вистината.

“Сега морам да се фокусирам на сегашноста, имаме важни цели во Барселона и ќе продолжам да дадам се од себе до крајот, за моите соиграчи и за навивачите. Ви благодарам многу за вашата поддршка”, рече тогаш Артур.

Но, после тоа се оправда дека е повреден и избегна тренинг, но последната капка која ја прели чашата е што не доаѓаше на почетокот на подготовките за Лигата на шампионите, иако тој сè уште е врзан со договор за Барселона.