ФУДБАЛ

Навивачите на Челзи испратија јасна порака

Томас Тухел е новиот менаџер на Челзи, и на оваа позиција ќе го замени Френк Лампард.

Лампард доби отказ по неколку лоши резултати, но и не многу убедлива игра на „сините“, кои потрошија многу пари на засилувања ова лето.

Навивачите на Челзи не се задоволни што беше отпуштена легендата на клубот, а денес тие поставија транспарент на влезот на „Стемфорд Бриџ“ со јасна порака.

„Циркусот продолжува“, беше пораката од навивачите на Челзи.