ФУДБАЛ

Навивачите на Челзи воодушевени од прославата на Тијаго Силва

Челзи синоќа го совлада Атлетико Мадрид со 2:0 на „Стемфорд Бриџ“ и со вкупен резултат од 3:0 од два натпревари се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Менаџерот Томас Тухел по натпреварот зборуваше за заедништвото што го има неговиот тим, а доказ за тоа е секако прославата на искусниот дефанзивец Тијаго Силва на трибините.

Бразилецот не можеше да настапи на овој натпревар поради повреда, но секој напад го доживеа жестоко на трибините.

Експлодираше по голот на Емерсон како компензација. Тој започна жестоко да слави, а навивачите на лондонските сини беа воодушевени од она што го видоа.