Чудото не се случи, а фудбалерите на Динамо со поразот од 1-2 (1-2) во Лондон од Челзи во 6. коло од групата Е од Лигата на шампионите се простија од овосезонските настапи во Европа.
Но навивачите на Динамо непрекинато навиваа цели 90 минути, а по натпреварот продолжија да пеат пред фудбалерите. Англичаните, инаку, беа воодушевени од навивачите, кои гласно навиваа во текот на целиот натпревар, а домашните беа речиси нечујни.
А снимката од Стемфорд Бриџ јасно го докажа тоа. Имено, додека навивачите на Динамо ги пееја своите песни, еден од обезбедувањето задоволно кимнуваше со главата, како да е на концерт.
When a song hits hard 😅💪🏻⚽️#dinamozagreb
Izvor: Facebook #UCL pic.twitter.com/kIzYLjv6Wa
— GNK Dinamo (@gnkdinamo) November 3, 2022