Тибо Куртоа синоќа беше апсолутен херој на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите.
Реал Мадрид синоќа во Париз го победи Ливерпул со 1-0 во финалето на ова натпреварување, а единствениот гол на овој натпревар го постигна Винисиус Јуниор во 58. минута.
Сепак, херој на кралевите беше Куртоа, кој со своите спектакуларни одбрани го спаси својот тим и целосно го „заклучи“ својот гол пред смртоносниот напад што го има Ливерпул.
Куртоа сосема заслужено беше прогласен за играч на натпреварот и на сите им покажа дека сигурно е еден од најдобрите голмани во светот.
А по натпреварот, Белгиецот ја воодушеви јавноста со својата објава на Твитер. Тој утрово испрати порака до навивачите на Ливерпул кои синоќа доживеаја грозно искуство на стадионот.
Поради оние кои насилно и без билети влегоа на стадионот, многумина останаа заклучени пред стадионот, иако имаа билети за натпреварот, па воопшто не можеа да го гледаат натпреварот.
„Жал ми е за навивачите на Ливерпул поради начинот на кој полицијата се однесуваше со нив синоќа. Се надевам дека сите безбедно ќе стигнат до своите домови“, изјави Куртоа.
I feel sorry for @LFC fans and the way they were treated. I hope everyone got home safe!
— Thibaut Courtois (@thibautcourtois) May 29, 2022