ФУДБАЛ

Навивачите на Милан бараат четворица играчи да си заминат!

По поразот од Рома во Рим, навивачите на Милан се решени да тргнат на бојкот и сега бараат заминување на четворица играчи.

Милан е очаен на почеток на сезоната и клубот би можел да се најде во позиција да се бори за опстанок иако се очекуваше тимот конечно да атакува на пласман во Лигата на шампионите.

Голем број на потези на управата на Милан беа погрешни, од изборот на тренери, некои засилувања, а навивачите сакаат неколку поединци да го напуштат „Сан Сиро“.

Иако тие именуваа повеќе играчи, први ги ставија Сусо, Биглија, Кеси и Калабрија, кои обезбедуваат лоши игри од натпревар до натпревар.

Матео Салвини, поранешен италијански министер и навиавч на „росонерите“, исто така, остави интересен пост во кој напиша:

„Помалку натписи, повеќе тепачки! Доста повеќе! Кеси, Сусо, Конти, Калабрија … Вие сте како духови на теренот. Клуб? Кој клуб? Бегате од проблеми, колку години ќе трае ова измачување?! Ако немате глава. желба и гордост, тогаш одете си. Кој не не сака нас, тој и не не заслужува“, напиша Салвини.

Милан се наоѓа на 12-то место со само 10 бода, а веќе има забележано пет порази во девет кола, а со доаѓањето на новиот тренер Стефан Пиоли, тој забележа само еден поен во домашниот дуел со Лече (1:1), додека екипата против ослабената Рома беше поразена со 2:1.

Во следното коло веќе во четврток Милан го пречекува СПАЛ, по што следат два многу тешки натпревари против Лацио и Јувентус.