Навивачите на Милан беа бесни кога голманот Џанлуиџи Донарума летово го напушти клубот и потпиша за ПСЖ.
Откако ПСЖ оваа сезона испадна од Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампионите, започнаа многу трансфер приказни.
Првиот се вртеше околу најголемите ѕвезди. Долго време се зборуваше за трансфер на Мбапе во Реал Мадрид, а потоа се шпекулираше за враќање на Меси во Барселона и заминување на Нејмар.
Странските медиуми сега ја пренесуваат веста дека италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти клубот на лето.
Имено, поранешниот голман на Милан не се вклопи во Франција каде го подели стартниот состав со Кејлор Навас и сега сериозно размислува за враќање во Италија.
Доколку се врати во Италија, нема да го гледаме во Милан, клубот кој го формираше, туку во ривалот Јувентус! Поранешниот италијански шампион го сака Донарума, а проблем може да биде неговата огромна плата, пишува Газета дело Спорт.
Да потсетиме, неодамна спортскиот директор на Салернитана, Валтер Сабатини го критикуваше неговиот трансфер во ПСЖ, а воедно и на Влаховиќ во Јувентус.
“Одлуката на Влаховиќ да замине во Јувентус беше гнасна. Како можеш да бидеш толку нечесен кон клубот кој верува во тебе? Истото важи и за Донарума кој го напушти Милан и отиде во ПСЖ. Тука до израз доаѓаат човечките квалитети”.
Ќе видиме дали Донарума ќе направи ново предавство за нивниот Милан и како на тоа ќе реагираат навивачите на поранешниот европски првак.