Динамо Загреб сака да го врати својот легендарен капитен Аријан Адеми (32) од кинескиот Гуан. Репрезентативецот на Македонија го напушти Динамо на 30 март за милион евра и оттогаш за тој клуб забележа 18 настапи, два гола и три асистенции. Адеми беше член на Динамо од 2010 до 2023 година и за тоа време одигра 359 натпревари. Постигна 41 гол и асистираше 30 пати, освојувајќи 12 хрватски првенства и четири Купови.
Враќањето на Адеми го одобри новиот тренер Сергеј Јакировиќ. Според хрватските медиуми, Динамо веќе стапил во контакт со Адеми, но во овој момент неговото враќање е далеку. Адеми има договор со кинескиот клуб до 31 декември 2025 година и засега нема премногу шанси Кинезите да го пуштат.
