Тренерот на ПСЖ, Тухел верува дека на неговиот тим му требаат уште неколку засилувања.
Како прво, тој сака да ја засили одбраната, но направи интересен избор на играчи кои сака да ги донесе, а навивачите на овој клуб не се согласуваат со тоа.
Имено, Тухел сака да го види Рудигер во ПСЖ, кој не пружа најдобри игри во Челзи, па Лампард би бил подготвен да го пушти.
Проблемот е во тоа што Челзи сака да го продаде овој фудбалер, додека ПСЖ во моментов сака да го донесе стоперот на едногодишна позајмица.
Останува да се види дали двата клуба ќе можат да се договорат или Тухел ќе мора да бара засилувања на друго место.