Лионел Меси минатата недела беше претставен како нов играч на ПСЖ.
Аргентинската sвезда потпиша двегодишен договор со тимот од Париз, а неговото доаѓање предизвика вистинско лудило кај навивачите на францускиот великан.
Апсолутно сите со нетрпение го очекуваат дебито на Меси за ПСЖ, но бидејќи Аргентинецот се уште не е целосно подготвен, дебито ќе почека уште малку.
View this post on Instagram
Меси најверојатно првиот меч во дресот на ПСЖ ќе го има на 29 август против Ремс, што значи дека нема да го гледаме в петок против Брест, иако многумина го очекуваа тоа.
Меси ќе го има првиот домашен настап во дресот на францускиот великан на 12 септември, кога Клермон го чека ПСЖ на принцот парк.
View this post on Instagram
Сигурно е дека ќе биде одличен ден за сите фанови. Билетите се очекува да експлодираат и да надминат 1.500 евра за натпреварот со Стразбур.
Од доаѓањето на Меси, фан шопот на ПСЖ бележи рекордна продажба на дресови и со неговиот потпис клубот направи феноменален маркетиншки потег.