Фудбалерите на ПСЖ синоќа доживеаја неочекуван пораз на гостувањето кај Ница со 1:0.
ПСЖ уште еднаш ги разочара своите навивачи со лоша игра, а на крајот фудбалерите на Ница знаеја како да искористат бидејќи успеаја да стигнат до трите бода.
Ница до победата дојде во 88. минута кога Делорт извонредно погоди по центаршутот на Стенгс по левата страна.
Фудбалерите на ПСЖ се најдоа на удар на критичарите по лошиот настап, а тоа особено се однесува на Џорџини Виналдум, кој беше убедливо најлошиот поединец на теренот.
Холандскиот играч за врска играше конечно од првата минута, но не успеа да ја оправда довербата на Покетино. Вајналдум на теренот мина 91 минута, а навивачите останаа шокирани кога ја видоа неговата статистика по натпреварот.
Имено, неверојатно е дека Вијналдум, кој е играч од средниот ред на овој меч, имаше само 28 допири со топката. Колку e очајно тоа најдобро говори податокот дека и голманот на ПСЖ, Кејлор Навас, имаше повеќе контакт со топката од него (34).
Вајналдум беше во контакт со топката само девет пати во првото полувреме, што е навистина поразително за него. И тогаш Навас беше подобар од него бидејќи во првото полувреме имаше 19 допири со топката.
Холанѓанецот летово пристигна во ПСЖ како слободен играч од Ливерпул, но баш и не се избори за место во стартниот состав.
Тој летово имаше договор да ја продолжи кариерата во Барселона, но се предомисли во последен момент кога пристигна понудата на ПСЖ, но се покажа дека направи голема грешка.