Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа на домашен терен ја совладаа Селта Виго со 5:2 во натпреварот од четвртото коло во Примера.
Селта одигра одлично во првото полувреме и имаше предност од 2:1 со головите на Мина и Церви, а единствениот гол за кралевите во првиот дел од натпреварот го постигна Бензема.
Сепак, Реал дојде до пресвртница во продолжението од натпреварот и славеше на крајот со 5:2. Два гола во второто полувреме постигна Бензема, а по еден Винисиус Јуниор и Камавинга.
Интересно е што ова беше прв натпревар на Реал на „Сантијаго Бернабеу“ од март минатата година. Кралевите се вратија на својот стадион иако реновирањето не е завршено, но атмосферата беше навистина одлична.
Многу фанови ја искористија можноста да дојдат на синоќешниот натпревар и да го посетат нивниот „храм“ по повеќе од една година.
Zidane with his wife in the Bernabéu. 😍🇫🇷
— Infinite Madrid (@InfiniteMadrid) September 12, 2021
Зидан го напушти Реал на крајот од минатата сезона, а наместо него на клупата дојде Анчелоти.
Францускиот стручњак не најде нов ангажман за време на летната пауза и јасно е дека одлучи прво добро да се одмори, а дури потоа да најде нов предизвик во својата тренерска кариера.
Тој синоќа покажа колку е поврзан со Реал Мадрид бидејќи натпреварот го гледаше од трибините на Бернабеу.
Шпанските медиуми дури успеаја да го снимат Зинедин Зидан, кој се наоѓаше во ВИП ложата и до вчера го гледаше својот клуб.