Навивачката група на Реал Мадрид, „Града Фанс“ за саботниот натпревар со Валјадолид на „Сантијаго Бернабеу“ планира силен протест против фудбалерите.
Фановите се фрустрирани од играта на нивните миленици и време е да го искажат својот револт. Тие планираат да ги исвиркуваат „кралевите“, а особено му се гневни на капитенот Серхио Рамос.
Високи челници на клубот вчера имале состанок со навивачите и ги убедувале да не протестираат за време на натпреварот и да не го навредуваат фудбалерите, бидејќи со ист начин на навивање може да продолжи целиот стадион.
Групата „Града фанс“ може и да не се појави на трибините воопшто туку да остане да протестира пред стадионот. Мадридската публика е позната по тоа што нема многу трпение за неуспех и често знаела да ги навредува своите фудбалери.
„Кралевите“ моментално се на деветото место на табелата во Ла Лига и имаат четири порази на последните пет натпревари. Дуелот со Валјадолид ќе биде и деби на клупата на Сантијаго Солари, кој го менува Хулен Лопетеги.
Извор: Sport1.mk